Летна манџа на традиционален начин

1 поголем млад кромид
2 поголеми домати
5-6 пиперки
магдонос
масло
сол и мелен црн пипер
На масло испржете го исечканиот кромид. Откако ќе стане стаклест додадете ги исечканите пиперки и пржете на тивок оган додека омекнат. Потоа додадете ги излупените  и исечкани домати. Пржете додека не испари течноста. Посолете, по желба зачинете со црн пипер и додадете сечкан магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.