Лех Валенса бара Русија да биде редуцирана на 50 милиони луѓе

Нобеловецот за мир и поранешен претседател на Полска Лех Валенса повика населението на Русија да се намали на 50 милиони луѓе, објави „Фигаро“, цитиран од Ukrainsworld.

Валенса бара и распарчување на Русија за да не претставува понатамошна закана:

Ако промената на политичкиот систем на земјата е невозможна, распарчувањето на Русија ќе биде задолжително за да се обезбеди светската безбедност.
Лех Валенса бара Русија да биде редуцирана на 50 милиони луѓе

„Таму живеат 60 народи кои (Русите) ги проголтаа како што ги голтаат сите Украинци денес. Ние сме должни да им помогнеме на овие народи да се кренат. Неопходно е или да се промени рускиот политички систем или да се намали руското население на помалку од 50 милиони луѓе“, објави Валенса.

Според него, потребно е „да се изнуди промена на политичкиот систем во земјата, да се организираат народни востанија“.

„Дури и Украина да ја добие оваа војна, за пет години повторно ќе се случи истото, а за 10 години ќе видиме нов Путин. Ако промената на политичкиот систем на земјата е невозможна, распарчувањето на Русија ќе биде задолжително за да се обезбеди светската безбедност. “

Поранешниот претседател на Полска се согласува со изјавата дека Западот настојува да ја прошири својата сфера на влијание. Но, тоа го прави преку „демократски средства“.

„Русија тоа го прави преку насилство“, нагласува Валенса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.