Леќа во црно вино и селен со супа од печени компири и вербена

Во рамки на 5. Недела на италијанската кујна на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи“, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна.
Неделата на италијанската кујна е организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција. Погледнете како да го подготвите овој специјалитет и уживајте во прекрасниот вкус 🙂
СОСТОЈКИ:
200 гр леќа
1 шише црвено вино
400 гр компири
90 мл вода со мирис на тартуф
4 гр вербена
30 гр селен
150 гр ѓумбир


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупените компири се сечат на резанки од половина cm и се запечуваат во тава. Штом се готови се ставаат во високо тенџере полно со ладна вода и мраз и се ставаат на оган. Откако ќе зоврие водата, се остава да се вари уште 20/30 минути, а потоа добиената супа се поминува низ цедалка.
На супата ѝ се додава вербената и водата од тартуф, се остава да отстои покриено со проѕирна фолија и потоа повторно се процедува.
Леќата се мие со ладна вода, се става на оган во високо тенџере заедно со водата и виното и се остава да се вари уште 20 минути откако ќе почне да врие. Потоа се процедува леќата и се исфрла целата вода.
Леќата се пропржува во тава со малку црвено вино и сок од ѓумбир, се додава сол. Тавата се трга од оган и се додава малку ладно цедено маслиново масло.
Послужете со неколку капки блендиран селен, а во посебен сад се сервира супата од печен компир.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.