Лилјана Поповска останува на својот став, не прифаќа нова кандидатура

На седницата на Централниот одбор на ДОМ, претседателката Лилјана Поповска ги замоли колегите да не ја предлагаат за претседател, затоа што останува на својот претходен став искажан уште на минатиот конгрес кој се одржа пред четири години. Таа истиот дека не прифаќа нова кандидатура за претседател на ДОМ веќе го повтори повеќе пати. Ова ќе биде нејзин трет и последен мандат на таа позиција.
– Денеска, ДОМ е стабилна партија со јасно профилирана зелена опција, полноправна членка на Европските Зелени. Заокружен е циклусот од иницијатива, преку изградба на структура и идеолошко профилирање, до меѓународно вмрежување. ДОМ има изградено одлични кадри, искрено посветени на зелената идеологија, кои низ демократска процедура ќе изберат ново раководство, спремно да се носи со сите предизвици,“ кажа Поповска.
На вчерашната седница на Централниот одбор на ДОМ беше донесена одлука со која како датум за одржување на редовниот Четврти конгрес на партијата се утврдува 28 октомври 2018 година . Приот, велат, се водело сметка терминот да не се поклопи со евентуалното одржување на предвремени парламентарни избори, кои се најавени за крајот на ноември или декември 2018 година.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.