Личниот возач му ја уценувал сопругата

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Т.П. (32) од Скопјe поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „изнуда“, предвидено и казниво по член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Пријавениот T.П. претходно работел како личен возач на сопругот на оштетената. Минатиот месец на телефон и се јавил и и рекол дека поседува документи што се од интерес на сопругот, кои доколку таа сака да ги добие ќе треба да му плати 150.000 евра. Притоа, Т.П. упатил сериозни закани по животот на оштетената и нејзиното семејство доколку каже некому. И покрај заканите таа случајот го пријавила, по што од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје се преземни мерки и активности за расчистување на случајот. Врз основа на добиената наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје, извршени се претреси на две локации во Скопје каде што прјавениот престојувал. Во текот на вчерашниот ден пријавениот е приведен во полициска станица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.