четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како дел од истрагата за трагедијата во ПУЛС на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес се приведени уште неколку полициски службеници, ексклузивно дознава Инфомакс.

Како што дознавање приведени се Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).

Во несреќата која се случи на 16 март 2025 година во кочанската нелегална дискотека ПУЛС животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Загинатите се претежно млади луѓе, а неколкумина од нив беа и малолетници.

Поврзани вести