ЛОВЦИТЕ Ф16 ГИ ИСПРАТИЈА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО! По падот на РАКЕТАТА од Украина, вака тргнаа на Мундијалот во Катар

Летот на фудбалерите на Мундијалот го обезбеди АВИЈАЦИЈАТА!

Репрезентацијата на Полска на Светското првенство во Катар отпатува во придружба на борци од Ф16. Роберт Левандовски и неговите соиграчи беа испратени на Светското првенство неколку дена по големиот меѓународен инцидент и смртта на нивните сонародници како последица на наводната акција на украинската армија и испуканата ракета која залута на полска територија.

„До јужната граница на Полска бевме придружувани со авиони Ф16! Благодарам и поздрав до пилотите!“, објави фудбалскиот сојуз на таа земја, заедно со видеото на кое се гледаат пар борбени авиони во близина на авионот во кој се превезувале фудбалерите.

Полска се пласираше на Светското првенство преку плеј-оф, каде автоматски се пласираше во полуфиналето бидејќи Русија беше исфрлена поради нападот на Украина, а потоа ја победи Шведска со 2-0 во квалификацискиот натпревар. Избраниците на селекторот Чеслав Михневиќ ќе играат во Катар против Аргентина, Саудиска Арабија и Мексико, во рамките на групата Ц.

Полјаците во средата во подготвителниот натпревар за Светското првенство го победија Чиле со голот на напаѓачот на Салернитана, Кшиштоф Пионтек со 1:0. Прочитајте го списокот на Полска за Светското првенство во Катар:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.