Лосос со печурки

600 г филети лосос
500 г свежи шампињони
100 мл доматен сос
сок од 1 лимон
3 исечкани чешниња лук
2 гранчиња свеж босилек
масло за јадење
маслиново масло
сол и мелен црн пипер
Измијте ги шампињоните, исечете ги на покрупни парчиња, па пржете ги пет минути на маслиново масло. Додадете малку вода и динстајте на тивок оган додека омекнат. Пред крајот вмешајте го доматниот сос.
На загреано масло пржете ги посолените филети од секоја страна по 5 минути. Ставете ги парчињата лосос на чинија, наросете ги со црн пипер и декорирајте го со исечкан босилек. Додадете ги шампињоните во сосот од домати и послужете со сос од маслиново масло, лимон и лук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.