Лувр затворен во средата, поради џепчии

Еден од најголемите музеи на светот, париски Лувр, беше затворен во средата поради штрајкот на припадниците на обезбедувањето кои се изморени од џепчиите.Управата на музејот Лувр вложи жалба пред парискиот суд во декември 2012 година и бараше полициски засилувања за надминување на сѐ поголемиот проблем со џепчиите. Во средата 200 агенти на безбедноста го искористија правото да не се појават на работното место.Една од портпаролките на управата на музејот за AFP изјави дека правосудните служби и полицијата се на работни состаноци поради покренување адекватна служба за обезбедување.Управата на Лувр одлучила да одреди мерка за забрана за влез во музејот на веќе идентификувани џепчии.Синдикалните претставници објаснија дека агентите се фрустрирани од неможноста да ги спречат организираните групи на сѐ поагресивните џепчии кои влегуваат бесплатно во музејот, па дури и по приведувањето се враќаат за неколку дена.Неколку агенти на обезбедувањето на музејот се жалеле дека џепчиите ги плукаат, навредуваат, му се закануваат и да ги удираат посетителите.Џепчиите во Лувр и на сите важни туристички точки во Париз, меѓутоа во последната година ипол сѐ понасилни и се чини дека ништо не може да ги спречи. Стотиците агенти во цивил се собраа во средата попладнето пред француското министерство за култура каде била примена една делегација.Годишно Лувр го посетуваат 10 милиони луѓе. Вкупно илјада агенти работат во музејот и секојдневно во просек се ангажирани по 470 од нив, наведува управата.
МакфаксЕден од најголемите музеи на светот, париски Лувр, беше затворен во средата поради штрајкот на припадниците на обезбед

Пронајдете не на следниве мрежи: