Лудо тесто – чудо од тесто!

Се чува во пластично ќесе, а може толку многу да нарасне, па и да „излезе“ од него. Иако никој со сигурност не може да каже како ова тесто го добило името, логиката вели дека расте како „лудо“. Ако се случи да го преполни ќесето во кое го чувате, преполовете го тестото и чувајте го во уште едно ќесе. Можете да го чувате во фрижидер и до седум дена и да го користите кога и да ви затреба.
Лудо тесто – чудо од тесто!
Потребни состојки:
500 г обично бело брашно
500 г остро бело брашно
4 децилитри млеко
1 коцка квасец
1 мала чашка јогурт
2 јајца
1 децилитар масло за јадење
1 прашок за печиво
2-3 мали лажички сол


Начин на подготовка:
Во млакото млеко додајте го изронетиот квасец и оставете го да се активира. На работната маса направете куп од измешаните два вида брашно и прашокот за печиво, па во средината додадете ги сите останати состојки и замесете тесто. По потреба, додајте уште малку брашно или млеко за тестото да биде меко, зашто секое брашно различно впива течности.
Добро намрсете ја внатрешноста на пластичното ќесе и ставете го тестото внатре истиснувајќи го вишокот воздух. Заврзете го ќесето и ставете го во фрижидер. Чувајте го до 7 дена и користете го по потреба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.