Данокот на солидарност, односно тоа законско решение беше спроведено низ транспарентен и сеопфатен процес, разговаравме со сите заинтересирани страни, разговаравме со одите, со интелектуалната заедница, имаше работна група од сите институции кои беа дел од законското решение и сето она што би се собрало од данокот на солидарност ќе влезе во пакет антикризни мерки за помош на оние на кои им е најпотребно, изјави директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
- Страшна несреќа во Канада – се урна хеликоптер, загинаа четворица
- Што да пиете наутро за здравје на бубрезите? Нутриционистите ги истакнуваат најдобрите избори
- Ако сте родени на овој ден, носите посебна одговорност – Важен ден за сите православни христијани: Ако го направите ова на Крстовден, се верува дека ќе имате несреќа цела година
- Зошто Русија ја испраќа раката на Дмитриј Донски на фронтот во Украина: „Злоупотреба на христијанството и цинична пресметка“
- Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде одговорен за најсомнителните афери и злосторства во Унгарија
Лукаревска нагласи дека тоа не е нешто ново во европската регулатива, туку е законско решение и принцип на дејствување во Велика Британија, Хрватска, Италија.
„Станува збор за фирми кои доставиле соодветни податоци во својот даночен биланс и имаат остварено приходи од над 10 милиони евра во 2022 година.Тоа е едниот критериум, а другиот критериум е тие приходи да се за 20 отсто поголеми од приходите остварени во последните четири години“, рече Лукаревска.
Таа потсети дека првично рокот за плаќање бил 25 октомври и дека досега 99 даночни обврзници го платиле овој данок, некои фирми извршиле делумно плаќање.
Целта не беше да објавиме дека ќе ги блокираме сметките, туку да имаме соодветни законски рокови, се со цел да не се изгуби таа соодветна динамика.
Пронајдете не на следниве мрежи:



