Мажите не сакаат жени кои се склони на озборување…

Од какви жени бегаат мажите? Според недамнешното истражување, на прво место се оние кои постојано се жалат, озборуваат, ги зголемуваат проблемите и критикуваат речиси секого!
По нив, следат жените кои се оптеретени со своите килограми, кои јадат на лажица и гласно ги бројат калориите. Таа тема го заморува посилниот пол, па брзо ќе го загуби интересот поради спорните килограми.
Мажите не ги привлекуваат ниту жени кои многу им замеруваат на родителите на партнерот, бидејќи тие тоа го доживуваат како директен напад и веднаш застануваат во нивна одбрана.


Исто така, доколку жената постојано зборува за својата работа и колегите, опишувајќи детално многу случки, голема е веројатноста дека со тоа ќе го оддалечи партнерот од себе, бидејќи тој сигурно би сакал да зборува и за нејзиниот приватен живот и луѓето кои му се блиски.
За крај ја оставаме жената која е убедена дека секому би требало да му даде некаков совет, а најмногу на својот партнер. Таквите жени, мажите повеќе ги доживуваат како нивна мајка, отколку како љубовница, што воопшто не е добро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.