Маж пријавил дека сопругата го нападнала на Бит Пазар

Скопјанец денеска ја пријавил сопругата дека го нападнала близу Бит Пазар. Настанот се случил вчера, а скопјанецот денеска пријавил.

„Денеска (31.03.2024) во 02.00 часот во СВР Скопје 40 годишен маж пријавил дека на 30 март околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговата сопруга Љ.Ј.(35) од Скопје“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Во полициските билтени често има случаи на семејно насилство, а жртви најчесто се жените.

Пронајдете не на следниве мрежи: