„Македонија блокира“ постави шатори пред Собранието

Демонстрантите поставија шатори на улицата пред Собранието, откако попладнево започнаа со протестот против утврдување на нацрт-амандманите согласно договорот од Преспа, со кој се предвидува промена на уставното име на Република Македонија. Протестот е во организација на иницијативата „Македонија блокира“. Демонстрантите вејат македонски знамиња и бараат да се стопира процесот за уставни измени.
Како што велат, уште од утрината биле соочени со опструкции од полицијата, која прво поставила барикади на средина на улицата пред Собранието, а потоа им ја исклучиле и струјата од трансформаторот во паркот „Жена Борец“, поради што морале да купат „народен генератор“ за да ја напојуваат опремата. Тие се решени тука да останат до Нова година, за кога е планирано гласањето за уставните измени.
Околу Собранието е распоредено силно полициско обезбедување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.