Македонија ги исшколува, Европа ќе се ќердоса

Огромен број дипломирани и специјализирани лекари веќе заминаа во европските земји, а уште многу од нив учат странски јазик, за што побрзо да заминат во некоја од клиниките во државите низ Европа
На конкурсот кој ќе се распише овој месец од Медицинскиот факултет ќе одлучат колку специјализации и од кои специјалности ќе бидат одобрени.
Бројката, во секој случај, ќе биде најголема до сега, а според здравствените власти најдефицитарни се анестезиолозите, педијатрите и невролозите.
Со преполовен кадар работи и најалармантна е состојбата во Клиничката болница во Битола, на ГОБ 8-ми септември и требаат најмалку уште 7 специјалисти, а во Болницата во Велес за нормално функционирање недостасуваат невролози, офталмолози и инфектолози.
Според изјавата на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски големата бројка на доделени специјализации е резултат на загрижувачкиот одлив на лекари од државава и ќе важи за целата нејзина територија, без фаворизирање на одредени региони.

  

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.