Македонија и Бугарија се две целосно различни нации

Одговарајќи на новинарско прашање за впечатоците од посетата на двете земјите која тој ја оствари , папата Франциск изјави дека Македонија и Бугарија се две целосно различни нации.
– Тие се две целосно различни нации. Бугарија е нација со вековна традиција. Македонија, од друга страна, има вековна традиција, но не како држава… Како народ, што на крајот израсна да формира нација. Тоа е убава борба, изјавил тој во авионот на пат за Ватикан, додавајќи дека Македонија отсекогаш имала идентитет и сега тој е консолидиран како народ со мали и со големи проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.