Македонија оди напред и деструктивното ВМРО-ДПМНЕ не може да ја запре, му возврати СДСМ на Мицковски

Нервозниот Мицкоски денеска повторно покажа дека нема што да понуди пред граѓаните, нема план, нема визија, ниту програма за добро на граѓаните, туку нуди единствено деструкција, поделби и изолација. Мицкоски можеше да покаже дека е за иднината на државата наместо да ја блокира, бојкотира и наместо да го брани криминалот на Никола Груевски и неговите соработници, да го осуди и да повика одговорност.
Мицкоски требаше да покаже „како се сака татковината” со тоа што ќе ги поддржеше процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, со зачуван и зајакнат идентитет. Но Мицкоски одбра да ја блокира таковината и нејзиниот напредок, нејзината иднина.
Наместо да застане на страната на државните интереси, на страна на интересот на граѓаните Мицкоски е на страна на одбрана на неговиот ментор, Никола Груевски.
Македонија чекори напред, економијата расте, повеќе пари има за граѓаните, растат платите, земјава е рамноправен партнер на демократскиот свет на чекор до полноправно членство на НАТО и ЕУ. Христијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се во последна форма за одбрана на криминалот на Никола Груевски и неговите соработници. Тоа е огромна разлика, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.