четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонскиот ајвар се повлекува од маркетите во Словенија, се сомневаат дека има штетни материи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Словенечката Управа за безбедност на храната од страна на синџирот маркети Шпар, била известена дека од продажба повлекуваат ајвар произведен во Македонија, поради присуство на недозволени материи.
Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, оваа информациија е објавена на интернет страна на словенечката Влада.
Засега не се соопштува за какви штетни материи се работи, но на известувањето пишува дека ајварот е произведен од компанијата Алтера Фуд д.о.о. со седиште во Гевгелија.
Со објавата се повикуваат сите оние кои имаат купено од ајварот, да го вратат во една од продавниците на Шпар Словенија.

Поврзани вести