Дебар, 10 јули 2026 (МИА) – Во албанскиот пристанишен град Драч се уапсени се тројца македонски државјани, двајца од нив, со висок ризик, барани од властите на Македонија, за убиство, ранување, нелегално поседување оружје, како и учество во криминална организација, соопшти албанската полиција.
– Во рамките на акцијата, во Драч, се пронајдени, уапсени и лишени од слобода се македонските државјани М. Џ. (26) роден во Скопјe и С. Н.(34) години, роден во Норвешка. За овие државјани, Интерпол има распишано меѓународни потерници за убиство, ранување, нелегално поседување оружје и извршување кривични дела како дел од криминална организација, во Република Македонија, стои во полициското соопштение.
Во моментот на апсењето, кај нив биле пронајдени и лажни документи, со кои основано се сомнева дека ја напуштиле Македонија.
Уапсено е уште едно лице од Македонија, Џ. Р. (26) за сторени кривични дела „поддржување на сторител на кривично дело“ и „фалсификување исправа“, кој им обезбедил на двајцата уапсени фалсификувани лични исправи. При претресите во неговиот стан, полициските служби пронашле и заплениле, како материјален доказ, помала количина марихуана.
– Успешното финализирање на акцијата е резултат на тесна и интензивна соработка меѓу специјализираните структури на државната полиција и меѓународните партнери, преку заеднички истражни тимови и координирани оперативни акции, службите на Дирекцијата за специјални операции на Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со американски партнери за спроведување на законот со присуство во регионот и со колегите во Македонија, се наведува во соопштението.
Процедуралните материјали се доставени до Обвинителството за понатамошни дејствија.
The post Македонски државјани дел од криминална банда уапсени во Драч appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



