МАКОРА: Државните нафтени резерви на Македонија се стабилни , најстабилни во цел регион !?

  Агенцијата за задолжителни нафтени резерви (МАКОРА) постојано ги следи и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати обезбедувајќи сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и подготвеност за навремена реакција во случај на какво било нарушување на увозот или снабдувањето – информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и додаваат дека со посебно внимание ја следат состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст на нафтените пазари и потенцијалните геополитички ризици.
 
– Иако актуелните случувања во Блискиот Исток може да предизвикаат нарушувања во снабдувањето со нафтени деривати на светско ниво, Република Северна Македонија како држава има обезбедено сигурен проток и увоз на деривати од повеќе извори и земји.
Со оваа диверзификација на снабдувачите, комбинирано со стратешките државни резерви и функционирачкиот продуктовод Солун – Скопје, се обезбедува непречено и стабилно функционирање на пазарот на нафтени деривати. На овој начин се гарантира дека граѓаните и стопанството нема да почувствуваат недостиг, а државата останува целосно подготвена да реагира навремено доколку се појави какво било нарушување на снабдувањето – велат од МЕРМС.
Во овој момент, додаваат, државните резерви се стабилни и според расположливите информации нашата земја стои меѓу најподготвените во регионот во однос на покриеноста и сигурноста на снабдувањето.
Како што велат, доколку се појави евентуален проблем со увозот од какви било причини – затворање граници, прекини, штрајкови или блокади – државата има обезбедено и дополнителен сигурносен механизам.

Пронајдете не на следниве мрежи: