Францускиот претседател Емануел Макрон на симболична церемонија му го предаде ротирачкото претседателство со ЕУ, кое завршува денеска на полноќ, на чешкиот премиер Петр Фиала.

Макрон истакна дека „последните напори“ на Париз биле да го заврши договорот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија за почеток на преговорите за пристапување на Скопје во ЕУ.
„Убеден сум дека најдовме компромисно решение“, рече Макрон на прес-конференција, додавајќи дека решението носи сигурност и предвидливост за сите.
Ројтерс забележува дека на 24-ти јуни бугарскиот парламент и дал зелено светло на владата да одобри рамка за преговори меѓу Република Северна Македонија и ЕУ.
Пронајдете не на следниве мрежи:


