четврток, 12 ноември 2026
Најново

Малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром, случајот подоцна го пријавиле нивните родители

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Тројца родители од Скопје пријавиле дека нивните малолетни ќерки на 8 март годинава околу 13:15 часот на подрачјето на општина Аеродром биле физички нападнати од четири женски лица, при што една од нив снимала со мобилен телефон.

Случајот, како што информира МВР, бил пријавен вчера во СВР Скопје.

-На 11.03.2026 во 09:00 часот во СВР Скопје, М.Д.(44), Б.И.(43) и М.Ч.(50), сите од Скопје пријавија дека на 08.03.2026 околу 13:15 часот на подрачјето на општина Аеродром нивните малолетни ќерки биле физички нападнати од четири женски лица, при што една од нив снимала со мобилен телефон – се вели во полицискиот билтен.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести