Манчестер Јунајтед основа кошаркарски клуб, сака да игра во НБА Европа

Проектот НБА Европа привлекува големо внимание и многу клубови сакаат да играат во него, а еден од нив е Манчестер Јунајтед.

Имено, според информации од англиските медиуми, сопственикот на Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, одобрил лансирање на кошаркарската секција на „Црвените ѓаволи“.

Поточно, ќе станува збор за рестартирање на кошаркарската секција бидејќи Манчестер Јунајтед имаше кошаркарски клуб три години – од 1985 до 1988 година, кога беше затворен.

На Ратклиф му текна оваа идеја кога слушна дека други фудбалски великани ќе се приклучат на НБА Европа и на тој начин ќе профитираат финансиски.

Во сторијата за лансирањето на кошаркарската секција за проектот НБА Европа се споменуваат и ПСЖ и Бетис, а заинтересирани се и кошаркарските великани Реал Мадрид, Барселона, Баерн, Фенербахче.

Ратклиф веќе започна проект за изградба на кошаркарска арена веднаш до Олд Трафорд, која треба да има капацитет од 15.000 седишта.
The post Манчестер Јунајтед основа кошаркарски клуб, сака да игра во НБА Европа appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: