Маринирани лути пиперчиња

Состојки
по ваш избор лути пиперчиња
според потребата сол и оцет

Едноставна подготовка
– Исечете ги рачките на пиперчињата, ставете во сад и добро осолете ги. Оставете да стојат во солта 12 часа, а меѓувреме ставете си ракавица на раката доколку се мнооогу лути и мешајте ги во солта лесно стискајки ги. Сторете го тоа најмалку 3-4 пати додека се во солта. Тие ќе пуштат течност. Потоа повторно истискуваки ги само пиперчињата ставајте во друг сад…. и така истискани сега залејте ги со оцет и повторно нека одстојат 12 часа.
– Откако поминало целото ова време – ситскајте ги од оцетот и ставајте во тегла… залијте ги со масло, затворете и одложете кај останатата зимница.
Напомена
– Значи јас ги имав овие лути пиперлиња и решив нив така да ги приготвам што не значи дека не можете да приготвувате вака обични феферонки или везени пиперки со тоа што доколку се поголеми фефернонките – везените секако се големи, ќе мора да ги исечете онака како сакате вие да бидат по големина – понатаму постапката иста..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.