четврток, 12 ноември 2026
Најново

Марк Гасол најдобар дефанзивец во НБА

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Центарот на Мемфис Гризлис, Марк Гасол, ќе го добие признанието за најдобар дефанзивец во НБА лигата за сезоната 2012/2013.

Шпанскиот репрезентативец нема некоја импресивна статистика, по натпревар тој бележи 14 поени, осум скокови и две блокади, но евидентен е бројот на поени кои Мемфис ги прима кога со и без Гасол во тимот. Според статистиката кога Марк Гасол е во тимот Мемфис прима 99,3 поени, додека без него таа бројка изнесува 106. Инаку Мемфис е најдобриот дефанзивен тим во лигата, противниците ги лимитира на 90 поени по натпревар.
Maкфакс
Центарот на Мемфис Гризлис, Марк Гасол, ќе го добие признанието за најдобар дефанзивец во НБА

Поврзани вести