четврток, 12 ноември 2026
Најново

Марк Руте денес во Скопje, полицијата ќе воведе посебен сообраќаен режим

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за внатрешни работи најавува дека денес во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим, поради официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на Македонија.

„На 03.03.2026 година (вторник), Генералниот секретар на НАТО, Н.Е. г-дин Марк Руте, ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Поради посетата, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе преземе мерки за воспоставување посебен сообраќаен режим во централното подрачје на градот Скопјe.“

„СВР Скопје ги повикува сите граѓани кои учествуваат во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата дадени од полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поврзани вести