МАСОВНА ТЕПАЧКА НА МОБИЛИЗИРАНИТЕ СО ПОЛИЦИЈАТА! Сакале да ги турнат во автобуси, регрутите викале: „Не одиме во војна, дојдете и вие“

Делумната мобилизација предизвика големи тензии во Русија, а сега се појави и видео од тепачка меѓу мобилизирани граѓани и полицајци.

МАСОВНА ТЕПАЧКА НА МОБИЛИЗИРАНИТЕ СО ПОЛИЦИЈАТА! Сакале да ги турнат во автобуси, регрутите викале: „Не одиме во војна, дојдете и вие“

Од почетокот на воведувањето делумна мобилизација, на социјалните мрежи се појавија шокантни видеа, солзи и збогување на мобилизираните граѓани и нивните семејства, а сега се појави и видео од масовна тепачка меѓу регрутите и полицијата во Омск, како што информираат од БиБиСи. Имено, полицијата се обидела да ги натера регрутите да влезат во автобусите.

Наводно, мажите се побуниле, викајќи дека не сакаат да загинат во војната, барајќи и полицајците да одат во Украина, ако треба.

Во некои региони, а тоа се главно рурални и сиромашни области, далеку од светлата на големите градови како Москва или Санкт Петербург, но од области како Дагестан, Чеченија, Јакутија, Бурјатија, луѓето наводно се регрутираат по грешка, без оглед на нивниот здравствен статус или дали воопшто служелe војска.

Некои жители на една руска република беа повикани на воена служба оваа недела иако не ги исполнуваа условите за мобилизација, како што се татковците на мали деца, изјави локален функционер, според Си-Ен-Ен. „Сите што беа мобилизирани по грешка мора да бидат вратени. Оваа работа е веќе започната“, рече Ајен Николаев, шеф на Република Саха.

Независниот портал Медуза ја пренесе изјавата на првиот човек на Здружението за човекови права Агора, Павел Чиков, дека при мобилизација не се води сметка за возраста на резервистите. Така, според Чиков, во Москва бил повикан 63-годишен полковник, во Волгоград 55-годишен постар поручник, а во Самара 60-годишен наредник.

Официјално, 300 илјади резервисти треба да бидат испратени во војната со Украина. Рускиот претседател Владимир Путин во саботата потпиша законски измени кои предвидуваат до 10 години затвор за војниците кои избегнуваат мобилизација, дезертираат, се предадат или одбиваат да се борат. Разбојништво се казнува и со затвор до 15 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.