Матурскиот фустан на оваа девојка стана вистински хит: “Мојот пријател не веруваше што гледа

Месеците напорна работа ѝ се исплателе на Сијара Ган, 17-годишна ученичка од Филипини која за својата матурска вечер изработила прекрасен фустан кој веднаш станал хит на социјалните мрежи.
Сијара подеднакво ја сака уметноста и науката, но во изработката на фустанот преовладувала љубовта кон уметноста. Наместо да купи веќе сошиена креација, Ган со помош на својата мајка создала прекрасен фустан кој рачно го насликала.
“Мојата мајка ме поттикна да го направам фустанот. Сакам да испробувам нови работи и помислив “зошто да не”. Тоа беше последниот голем настан во средното училиште и имав месеци за припрема”, изјавила девојката.


Најпрвин се обратила кај експерт за дизајн, но откако не ѝ се допаднал резултатот, одлучила сѐ да направи сама од почеток до крај.


Таа заедно со мајка ѝ купила речиси три метри ткаенина, кринолина и Сваровски кристали.
Најпрвин шиеле парче по парче од фустанот, а цртањето на цветови по кринолината траело пет дена.
“Неодамна повторно ја прочитав книгата “Tiger Lily” од Џоди Лин Андерсон и одлучив да нацртам портокалови цветови. Не цртав рози бидејќи, иако се убави, тие не го одразуваат мојот карактер. Јас сакам силни бои, како портокалова и зелена”, вели Сијара.


Фустанот бил готов по еден месец, а таа молчела за него сѐ до матурската вечер.
“Мојот пријател не можеше да поверува што гледа, мораше два пати да го погледне фустанот. Мислеше дека цвеќињата се испечатени”.
Фотографиите од фустанот, Ган ги објавила на социјалните мрежи, а досега на Твитер собрале над 389 илјади лајкови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.