Мафини од тиква

Мафини сакаме сите, а тие се уште поубави во оваа сезона на тиквата. Лесно се прават и се многу вкусни.
Потребно е:
200 г тиква, испечена и измиксирана во пире
300 г брашно
1 прашок за печиво
1 лажичка цимет во прав
120 г шеќер во прав
3 јајца
50 мл млеко
50 мл масло за јадење
50 г суво грозје (по желба, претходно натопено во ликер)
100 г сечкани ореви


Подготовка:
– Во сад просејте ги брашното, прашокот за пециво, циметот и шеќерот.
– Во друг сад со миксер изматете ги јајцата, млекото, маслото и пирето од тиква. Полека, додавајте од смесата со брашно.
– На крај, ставете ги сувото грозје и сечканите ореви.
– Во калапот за мафини наредете хартиени корпи за мафини. Малку намачкајте ги со масло за јадење или путер и наполнете ги со 3/4 од смесата. Никако не ги преполнувајте затоа што во текот на печењето ќе почнат да течат и потоа нема да може да ги извадите од калапот.
– Протресете го калапот и ставете да се печат во рерна загреана на 250 целзиусови степени околу 30 минути, односно додека да бидат печени внатре (проверете со чепкалка за заби).
– Печените мафини оставете ги да се оладат малку пред да ги извадите од калапот.
– Сервирајте ги со налку наросен шеќер во прав врз нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.