Петер Маѓар, кој убедливо победи на изборите во Унгарија, планира да ги одржи добрите односи со Македонија и со другите држави со кои Будимпешта досега имала стратешко партнерство.
На прес-конференција, Маѓар рече дека промената на власта во Унгарија не значи автоматско влошување на односите со државите со кои Виктор Орбан имал добра соработка.
– Фактот што владата на Виктор Орбан имала блиски односи со некоја земја на Балканот или на друго место, не значи дека Унгарија ќе има полоши односи со истата таа земја. Но, ако Унгарија имала лоши односи со некоја држава, ние ќе ги подобриме. Затоа што е во наш заеднички интерес да работиме заедно, да соработуваме и заедно да напредуваме, изјави Маѓар.
Во однос на можната екстрадиција на Никола Груевски, идниот унгарски премиер вели дека Унгарија нема да биде засолниште на криминалци.
– Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г. Никола Груевски, поранешниот северномакедонски претседател, кој исто така е осуденик. Но, и тоа не е затоа што ова е праведно исто така очекуваме од другите европски земји, ако унгарски политички криминалци бегаат во други земји, да ги екстрадираат назад кај нас, во духот на европската соработка, овие потенцијални криминалци, рече Маѓар.


