четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мајами без Леброн и Вејд пресилен за СА

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кошаркарите на Мајами го победија Сан Антонио во дерби натпреварот помеѓу двете најдобри екипи во НБА лигата. Во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, без двајцата најдобри играчи Леброн Џејмс и Двејн Вејд, Мајами победи во Тексас со 88:86.Крис Бош со 24 поени, девет скокови и три асистенции ги предводеше ’жешките’ до победата, покрај него со двоцифрен број на поени мечот во редовите на Мајами го завршија уште тројца играчи: Реј Ален (14), Норис Кол (13) и Мајк Милер (12). Сан Антонио го предводеа Тим Данкан (17 поени, 12 скокови) и Кави Ленард (17 поени, 11 скокови).Мајами е лидер на истокот и воопшто во лигата со скор 58-15, додека Сан Антонио и покрај поразот остана на лидерската позиција во Западната конференција со скор 55-18.Њујорк лесно го совлада Бостон со 108:89 во дерби средбата во источната конференција. Кармело Ентони со 24 поени и 10 скокови, односно Крис Копленд со рекордни во кариерата 22 поени го предводеа Њујорк до победата. Џеф Грин со 27 и Пол Пирс со 24 поени беа единствените светли точки во екипата на Бостон.По победата во Далас, Чикаго запиша уште еден триумф во неизвесна завршница. Булс победија во Детроит со 95:94, Луол Денг со 28 поени го предводеше тимот до победата.Вашингтон забележа убедлива победа во Торонто од 109:92, додека Њу Орлеанс победи во Кливленд со 112:92.  
МакфаксКошаркарите на Мајами го победија Сан Антонио во дерби натпреварот помеѓу двете најдобри екипи во НБА лигата. Во ноќта

Поврзани вести