Мајами се поблиску до рекордот на ЛА Лејкерс

Екипата на Мајами и без Двејн Вејд ја продолжи победничката серија и уште повеќе се доближи до апсолутниот рекорд во Лигата, кој речиси 40 години е во сопственост на ЛА Лејкерс.Мајами 26-та победа во низа ја забележа против Шарлот Бобкетс, ’жешките’ предводени од Леброн Џејмс (32 поени, 10 асистенција, 8 скока, 3 украдени топки, 3 блокади) триумфираа со 109:77. Во победата на Мајами по 15 поени постигнаа Крис Бош и Норис Кол, додека ветеранот Реј Ален постигна 14 поени.Мајами со скор 55-14 е најдобриот тим во Источната конференција, до крајот на регуларниот дел од првенството Мајами ќе одигра по два натпревари против Чикаго односно Орландо, а по еден натпревар против Њу Орлеанс, Сан Антонио, Њујорк, Шарлот, Филаделфија, Милвоки, Вашингтон, Бостон и Кливленд.Атланта, во крајно неизвесен натпревар забележа победа над Милвоки со 104:99. Ал Хорфорд со 24 и Џош Смит со 23 поени ја предводеа Атланта до победата, кај Милвоки со 16 поени се истакна Девин Херис.Далас по поразите на Јута и Портланд ги задржа шансите за пласман во плеј офот. Далас ја совлада Јута со 113:108 иако на седум минути до крајот на натпреварот имаше предност од 20 поени (98:78).Оклахома убедливо го порази Портланд со 103:83 – Кевин Дурент имаше учинок од 24 поени и 10 скокови, додека Расел Вестбрук постигна 21 поен. Чикаго славеше над Минесота со 104:97 – Нејт Робинсон (22 поени, 10 скока) и Џими Батлер (19 поени, 12 скокови) беа најекспонираните играчи на Булси.Хјустон, во дербито на Тексас, го совлада Сан Антонио со 96:95. Лидерот во конференцијата го урна Џејмс Харден со поените постигнати на четири секунди до крајот на натпреварот. Во последната секунда Ману Џинобили и Тим Данкан не успеаја да погодат за победа на Сан Антонио.Харден со 29 поени, девет скока, шест асистенции го предводеше Хјустон, кај Сан Антонио се истакна Тони Паркер со 23 поени и седум асистенции.
МакфаксЕкипата на Мајами и без Двејн Вејд ја продолжи победничката серија и уште повеќе се доближи до апсолутниот рекор

Пронајдете не на следниве мрежи: