Мајката на момчето кое загина во подморницата открива со што тргнал на пат: Сакал да го собори Гинисовиот рекорд

Минатата недела во Атлантикот пет лица загинаа во подморницата „Титан“, а оваа недела беа одржани погреби за 19-годишниот Сулејман Давуд и неговиот татко Шахзад.

Мајката на загинатите татко и син ги откри мотивите за нивното одење до подморницата што води до потонатиот брод Титаник, раскажувајќи како сето тоа настанало поради рубикова коцка.
Азмех раскажал како Сулејман се пријавил да го собори Гинисовиот рекорд, а неговиот татко донел камера во подморницата за да го сними моментот, пренесува BBC.
„Во тој момент не разбрав што може да значи. Сè само тргна надолу“, рече таа.

Семејството сакаше порано да го посети потонатиот брод Титаник, но тоа патување беше откажано поради пандемијата.
Три години подоцна, наместо сопружници, таткото и синот решиле да патуваат.
Како што додаде таа, Сулеман никогаш не отишол никаде без својата рубикова коцка, а успеал да ја реши за 12 секунди.

Рече, ќе ја решам рубиковата коцка на 3.700 метри под морето, кај Титаник“, рекла мајката.
Инаку, Сулејман бил студент на Универзитетот во Глазгов, додека Шехзад бил еден од најбогатите Пакистанци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.