Мајкл Џексон постхумно обвинет за злоставување

Американскиот кореограф Вејд Робсон го обвини покојниот крал на попот Мајкл Џексон за сексуално напаствување во детството, пренесуваат американските медиуми во средата.Вејд Робсон во судскиот документ кој не е достапен за јавноста побарал отштета од Фондацијата Мајкл Џексон поради сексуален напад и злоставување. Иако можните случаи на сексуално напаствување од страна на Џексон се водат како застарени, Робсон побарал судот сепак да му овозможи поднесување отштетно побарување.Веста за новата тужба против Џексон, кој во 2009 година почина од акутно труење со лекот пропофол, први ја објави американскиот таблоид портал TMZ кој инаку и прв ја објави информацијата за смртта на поп иконата, и е познат по своите доверливи и добро известени извори.Вејд кој сега е на 30-годишна возраст, се запознал со Мајкл Џексон кога имал пет години. Во периодот од седмата до четиринаесеттата година редовно престојувал на ранчот на пејачот во американската сојузна држава Невада.Интересно е што Вејд Робсон беше еден од сведоците на одбраната на судењето на Џексон за сексуално злоставување на деца во 2005 година и неговото сведочење во полза на музичката ѕвезда многу помогна за отфрлање на обвинението.„Ова е апсурдно. Вејд тогаш беше еден од најсилните сведоци на одбрана. Под заклетва сведочеше дека Џексон никогаш не го злоставувал и го издржа жестокото контраиспитување на обвинителот“, изјави тогашниот адвокат на Џексон, Том Месерау за телевизиската мрежа CNN.Месерау, исто така, вели дека времето во кое се поднесува ова барање е многу сомнително, токму на почетокот на судењето коешто мајката на покојниот Џексон и неговите три деца го покренаа против концертните промотори, компанијата AEG Live, бидејќи, наводно придонеле за неговата смрт со извонредно напорните подготовки за серијата концерти коишто требаа да претставуваат враќање на Џексон на сцената.Адвокатите на компанијата претходно најавија дека обвинувањата против Џексон за сексуално злоставување на деца, ќе ги користат како дел од својата одбрана.
МакфаксАмериканскиот кореограф Вејд Робсон го обвини покојниот крал на попот Мајкл Џексон за сексуално напаствување во детств

Пронајдете не на следниве мрежи: