Меган Маркл и принцот Хари го покажаа синот

Кралското семејство е побогато со уште еден принц, Меган Маркл, војвотката од Сасекс и принцот Хари станаа родители.
– Со радост ве известуваме дека војвотката и војводата од Сасекс станаа родители во понеделникот, на 6 мај, рано утрината. Момчето се роди со 3 килограми и 200 грама. Мајката и бебето се чувствуваат добро, порачале од кралското семејство преку Инстаграм.
Бебето се родило тешко 3,2 килограми, а среќниот татко, британскиот принц Хари присуствувал на породувањето на Меган.
Ова е нивно прво дете, а во брак стапија во мај минатата година. Деталите од породувањето ги кријат, но сепак неколку дена по раѓањето на бебето направија заедничка семејна фотографија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.