Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во “Тешки муабети” најави дека во следниот период ќе биде објавено детално како во ЈП “Водовод и канализација” тројца адвокати наплатиле скоро 400.000 евра за адвокатски услуги.

Имаме ситуација каде во ЈП “Водовод и канализација” се наплатени 380.000 евра за тројца адвокати и се бунат од ВМРО-ДПМНЕ зошто Данела Арсовска им го избркала директорот или директорите.
Тоа се 400.000 евра за едно претпријатие за шест месеци за само едно претпријатие, а каде се другите?
Тоа е таму направено салата. “Паркови и зеленило” плата не може да земат луѓето вработенинте, ама адвокатите земале пари. Тие сите се адвокати согласно тоа што сум го истражил се или членови на партиската правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ или се пријатели на лидерот, луѓе кои сме ги гледале на фотографии со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, или е тие лично или луѓе вработени во нивните канцеларии.
Делот каде што се спомнуваат адвокатите и исплатата од Водовод на адвокатите е во 51минута.
Извор: ИНФОМАКС
Пронајдете не на следниве мрежи:


