Медалјони од компир на кои нема да може да одолеете

Медалјони или „плескавички“ од компир, полнети со моцарела и печурки – звучи идеално за викенд ручек, нели?
Љубителите на компир се радуваат на секој нов рецепт со компир, а овој ќе ви биде еден од омилените.
Се подготвува лесно, а смесата можете да ја мешате со различни состојки и никогаш нема да погрешите!
Потребни состојки:
800g компири
300g печурки
200g брашно
50g пармезан, рендан
100g моцарела сирење (или мек кашкавал)
1 јајце
1 чешне лук
Магдонос
Маслиново масло, сол и бибер
компир
Начин на подготовка:
Запржете го лукот, па додадете ги печурките и зачинете со сол и бибер. Покријте го тавчето и гответе 10 минути. Потоа додадете магдонос и оставете го уште малку на оган.
Излупете ги компирите и изгмечете ги во сад. Додадете го брашното, пармезанот, сол, бибер, јајце и измешајте ја добро смесата.
На работната маса наросете малку брашно, ставете ја одозгора смесата, измазнете ја со сукало и сечете кругови со калап или чаша.
Во секој круг додадете малку од зготвените печурки и ставете малку моцарела. Покријте со уште едно кружно парче од смесата и притиснете нежно од страните за да се прицврстат, а потоа ставете ги на тавче со малку маслиново масло.
Оставете ги 5 минути од едната и од другата страна да се зготват добро и послужете ги топли.
Видео од целата подготовка на рецептот:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.