Медведев го спореди Зеленски со Хитлер

Изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го смета целото руско население одговорно за воената операција во Украина звучат како идеи на Адолф Хитлер, изјавил денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Контроверзното барање на Зеленски наиде веднаш на силен одговор:

Зеленски денеска ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Москва да припои повеќе украинска територија.
Медведев го спореди Зеленски со Хитлер

„Адолф Хитлер беше последниот човек кој се обиде да спроведе такви идеи против цел народ. Има ли уште прашања за карактерот на украинските власти?“, напиша Медведев на својот канал Телеграм, пренесува ТАСС.

Зеленски денеска ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Москва да припои повеќе украинска територија.

Украинскиот претседател во интервју за „Вашингтон пост“ рекол дека најважните санкции се затворањето на границите затоа што „Русите одземаат туѓа земја“.

Тој додал дека Русите треба да живеат во свој свет додека не ја променат својата филозофија.

Смета дека оваа мерка треба да важи и за руските граѓани кои ја напуштиле земјата во знак на протест против постапките на властите во Москва.

Според неговото мислење, одговорноста за нападот врз Украина е на целото население на Русија.

Москва објави дека на 11 септември ќе се одржи референдум за приклучување кон Русија на делови од регионите Херсон и Запорожје на истокот и југот на Украина, заедно со веќе закажаните регионални избори.

Зеленски во неделата предупреди дека ако Москва продолжи да одржува референдуми за приклучување кон Русија на териториите под нејзина контрола, преговорите со Украина или нејзините меѓународни сојузници нема да бидат можни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.