ЗА ТЕСТО
500 г брашно
250 г мед
100 г шеќер
150 г маргарин
1 јајце
1 лажица какао
2 лажички цимет
1 прашок за печиво
100 г ситно сечкани бадеми
ЗА ФИЛ
2 пудинга од ванила
6 лажици шеќер
500 мл млеко
300 г чоколадо за готвење
3 лажици масло
Загрејте ги медот, шеќерот и маргаринот на средна температура се додека целосно не се растопат и оставете смесата да се излади.
Измешајте го брашното со останатите состојки. Додадете ја изладената смеса од маргарин, мед и шеќер и мешајте додека смесата се соедини. Оставете да отстои 3 часа.
Расукајте кора со дебелина од 1,5 сантиметар, со калап вадете срца и редете ги во тава. Печете 15 минути на 200 степени.
Лепете по две форми со претходно подготвениот и изладен пудинг и свалкајте ги медените срца во растопено чоколадо.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.