Медитеранска штрудла со тиквички

250 г лиснато тесто
1 тиквичка
1 зелена пиперка
1 главица кромид
100 г Фета сирење
1 јајце
4-5 шери домати
1 чешне лук
афион, сусам или лен
масло, сол и мелен црн пипер
Чешнето лук пресечете го на половина и истријте ја тавата за пржење. Во загреаната тава со масло  пржете го исечканиот кромид додека застакли. Додадете ги сечканата тиквичка и пиперка, и пржете 5-7 минути за да омекне зеленчукот. Тргнете од оган и оставете да се излади. Во изладениот фил додадете ги изронетата Фета и шери доматите исечкани на четвртинки. Посолете и зачинете со мелен црн пипер.
Од лиснатото тесто развлечете кора и нанесете го филот. Свиткајте ролат и засечете го на неколку места. Премачкајте го со изматено јајце и наросете афион, сусам или лен. Печете околу 20 минути на 220 степени во тава обложена со хартија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.