Медитерански мафини за добар почеток на денот

Во една од претходните статии зборувавме за кризите за храна и за тоа како да се справиме со нив. Најчесто е подобро да почекаме овие кризи да поминат и нашиот апетит да се намали, но понекогаш потребно е едноставно да се препуштиме на задоволството . Но, како да направиме задоволството да не биде проследено со грижа на совест? Денешниот рецепт е одговорот на ова прашање.
Интегралните мафини се начин да ја задоволите вашата потреба за храна, особено кога имате потреба од нешто слатко!
За овој рецепт потребни ќе ви бидат:
200g интегрално брашно
1 кафена лажичка цимет
1 пакетче прашок за пециво
50g крупни овесни снегулки
4-5 супени лажици мед
170ml бадемово млеко (слободно користете некое друго растително млеко, доколку немате бадемово)
1 јајце
6 лажици ладно цедено маслиново масло
Начин на подготовка:
1) Загрејте ја рерната на 200°С и ставете корпи за мафини во калапот за мафини.
2)Во еден сад, ставете ги сувите состојки (брашното, циметот, прашокот за пециво и овесните снегулки) и промешајте ги.
3) Во посебен сад, изматете го јајцето, па додадете ги млекото, маслото и медот. Истурете ја содржината во садот со сувите состојки и мешајте добро, се додека смесата не стане хомогена.
Fibro Gel


4) Истурете ја смесата во калапите за мафини и декорирајте со малку овесни снегулки на врвот, пред да ги ставите за печење. Мафините се печат 25-30 минути.
*Забелешка: Обидете се да користите крупни овесни снегулки, а не овесна каша. Користењето на овесна каша во рецептот забележително ја менува текстурата на мафините и тие нема да го имаат истиот вкус.
Вака подготвените мафини можете да ги јадете за појадок, заедно со шолја добро кафе.
Нутритивна вредност:
(1 мафин)
Калории: 154, Јаглехидрати: 14g, Протеини: 3g, Масти: 10g, Заситени масти: 5g, Натриум: 13mg, Калиум: 221mg, Растителни влакна: 3,7g, Шеќери: 8.2g, Калциум: 84mg, Железо: 0.9mg
Медитерански мафини за добар почеток на денот
Овие интегрални мафини со овес се вкусни, сочни, здрави и полни со нутриенти, а се особено погодни за оние кои го следат Медитеранскиот начин на исхрана, поради комбинацијата на интегрално брашно, овес и мед.
Зошто медитеранските мафини се здрава храна?
Одговорот е едноставен – заради состојките.
Интегралното брашно е далеку подоброто од белото, пченично брашно кое е најприменувано. Разликите се должат на количеството растителни влакна, витамини и минерали – интегралното брашно ги задржува растителните влакна и останатите микронутриенти речиси во целост, бидејќи се прави од целото зрно, додека кај белото брашно тие практично се отстрануваат за време на неговото процесирање. Заради растителните влакна, гликемискиот индекс е значително понизок, па освен што не се создаваат глукозни пикови, интегралните производи нè одржуваат сити подолг период.
Интегралното брашно е богато со витамините Б1, Б3 и Б5, има повеќе железо, калциум и протеини од другите брашна, а изобилува и со рибофлавин (витамин Б2) и фолна киселина (витамин Б9). Рибофлавинот е витамин неопходен за раст и развиток на телото, додека пак фолната киселина има извонредно важни функции, помеѓу кои поддржување на делбата на клетките и продукцијата на DNA. Повеќе за различните Б-витамини и нивната функција во нашето тело, можете да прочитате тука, додека подетално околу разликите на белото и интегрално брашно – Лебот е ЗДРАВА храна.
Овесот – крал на доручеците
Овесните снегулки се „ѕвездата“ на овој рецепт, бидејќи навистина се помеѓу најздравите житарки присутни на пазарот. Богат е со скроб (одличен извор на енергија), протеини, бета-глукани, витамин Е и здрави липиди. Тука можете да погледнете зошто овесот е најдобриот избор за вашиот појадок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.