Мекици

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
800 гр. брашно
500 мл. млеко
2 јајца
150 мл. масло за јадење
15 мл. лута ракија
1½ лажица шеќер
1 лажица сол
1 коцка свеж квасец


ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ
Квасецот се раствара во малку млака вода, се додава пола лажица шеќер и една лажица брашно и се меша додека се стане хомогено. Се остава да стаса.
Во поголем сад се ставаат брашното, солот и шеќерот и се мешаат. Потоа се додаваат јајцата, маслото и млекото и се заедно се замесува во глатко тесто. Тестото се остава да стаса, се размесува, и повторно се остава да стаса уште еднаш.
Со намрсени раце се кинат делчиња од стасаното тесто и се растегнуваат во кружна форма. Вака растегнатото парче тесто се спушта во загреано масло да се пржи. По една минута се превртува да се испржи и од другата страна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.