Мекици

1/2 кг брашно
300 мл млака вода
1 кесичка сув квасец
1/2 лажичка сол
масло
Брашното измешајте го со квасецот. Додадете ги солта и млаката вода, и со лажица мешајте го тестото додека не почне да се одвојува од ѕидовиете на садот. Покријте со кујнска крпа и оставете да стасува 40-тина минути.
Со раце навлажнети со вода, од стасаното тесто кинете парчиња, развлечете ги и пржете ги во поголема количина загреано масло.
Пржените мекици ставете ги на хартија за да се исцеди непотребната мрснотија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.