Меки пица ролнички од лиснато тесто: Брзо се прават и исчезнуваат од чинијата за секунда

Овој едноставен рецепт е совршен за подготовка на викенд појадок или доколку ненадејно ви дојдат гости.
Меки пица ролнички од лиснато тесто: Брзо се прават и исчезнуваат од чинијата за секунда
Потребни состојки:
1 пакетче лиснато тесто
Доматен сос
Шунка
Кашкавал
Оригано
Други зачини по желба


Начин на подготовка:
Расукајте го лиснатото тесто на набрашнета површина.
Малку избоцкајте го со виљушка, па премачкајте го со доматен сос, но не сосема до рабовите.
Посипете изрендан кашкавал и шунка колку што сакате, па додајте ги зачините.
Заролајте го тестото почнувајќи од подолгата страна која е намачкана.
Исечете ги пица ролничките на парчиња со дебелина од 1,5 до 2 см.
Поставете ги на тава обложена со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.