Ова е рецепт за меки, шеќерни колачиња кои можете да ги декорирате по ваша желба. Едноставно мора да ги направите за вашите сакани за време на новогодишните и божиќните празници!
Меки божиќни колачиња
Потребни состојки:
470 г сенаменско брашно
1 лажичка прашок за печиво
½ лажичка сол
250 г омекнат маргарин
300 г бел шеќер
2 јајца
2 лажички екстракт од ванила
За подготовка и печење на колачињата ќе ви биде потребен половина час (не сметајќи го времето за ладење на тестото).

Начин на подготовка:
Во длабок сад измешајте го брашното, прашокот за печиво и солта. Во друг голем сад изматете ги маргаринот и шеќерот додека смесата не стана бледа и пенеста. Во оваа смеса додајте ги јајцата едно по едно, а потоа ставете ја и ванилата. Изматената смеса додајте ја во претходно просеаните суви состојки и месете додека состојките не се спојат целосно. Покријте го тестото и ладете го во фрижидер 2 часа.
Загрејте ја рерната на 200 ᵒС. Ставете хартија за печење во голем плех. На чиста набрашнета површина од тестото исукајте кора со дебелина од 1 см. Исечете го тестото со помош на форми за колачиња и наредете ги колачињата во плехот.
Печете од 6 до 8 минути во загреана рерна, или додека рабовите на колачињата не станат кафеави. Извадете ги од плехот и оставете ги на решетка за да се изладат. Потоа украсете ги по желба: со шеќерен прелив и прехранбени бои, со фондан или со растопено чоколадо.



