Мек и миризлив колач со јаболка и мед

Подгответе го овој вкусен колач со јаболка и мед кој ќе го израдува целото семејство.
Состојки:
Две јајца
75 гр. бел шеќер
75 гр. кафеав шеќер
125 милилитри масло
225 гр. мед
375 гр. брашно
Две лажици прашок за пециво
Пола лажица сода бикарбона
Пола лажица цимет
Пола лажица мелен ѓумбир
¼ лажица мелено каранфилче
Три црвени јаболка
Лажица лимунов сок


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги јајцата со бел и кафеав шеќер додека да станат пенливи, па додајте масло и 200 гр. мед.
Промешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, цимет, ѓумбир и каранфилче, па соединете ги со претходната мешавина и внимателно промешајте. На оваа смеса додајте и едно рендано јаболко и пак промешајте.
Сипете ја смесата во тава обложена со хартија за печење и рамномерно распоредете.
Преостанатите јаболка исечете ги на четвртини, па на кришки со дебелина од два-три милиметри. Полијте ги со лимунов сок за да не потемнат и наредете ги одозгора на колачот.
Печете околу 50 минути до еден час, додека колачот да добие златна боја. Покријте го со фолија и печете уште 15 минути.
Во помало тавче додајте го преостанатиот мед и загрејте го на тивок огин за да стане течен. Полијте го преку колачот и откако ќе се излади, послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.