Мераклиски гулаш

800 г јунешко месо
150 г брашно
150 г парчиња кисели краставички
150 г парчиња свежи шампињони
200 мл бело вино
1 врзоп млад кромид
200 мл хопла
200 мл кисела павлака
1 лажица сенф
1 лажица сечкан магдонос
масло, сол и мелен црн пипер
Месото исечкајте го на парчиња, посолете и наросете црн пипер. Свалкајте ги парчињата месо во брашното, испржете ги и оставете ги на чинија.
Во тавата испржете го исечканиот кромид, додадете ги шампињоните и пржете додека не испари течноста. Потоа додадете ги сенф и виното, и динстајте додека испари алкохолот. Ако месото не е омекнато продолжете со динстањето додавајќи вода.
Потоа додадете ги хоплата, киселите краставички и месото. По 10-тина минути тргнете од оган. Додадете ги кисела павлака и магдоносот и промешајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.