четврток, 12 ноември 2026
Најново

Меѓуинституционален договор за користење на Порта Македонија за граѓански венчавки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Управата за водење на матичните книги ја информира јавноста дека е постигнат меѓуинституционален договор со НУ – Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје, за користење на свечената сала во објектот Порта Македонија, со цел организирање на церемонии на венчавање и вршење на соодветните услуги за запишување на брак во матичните книги.Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки.Соработката стапува во сила од 1 јуни 2025 година и ќе трае до 31 декември 2025 година, со можност за продолжување по взаемна согласност на страните.Ова претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи им да го реализираат чинот на венчавање во посебен, достоинствен и незаборавен амбиент – во срцето на Скопје.Управата за водење на матичните книги останува посветена на својата мисија за приближување на јавните услуги до граѓаните, со човечки пристап и реална примена во секојдневниот живот.

Поврзани вести