Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, информира дека се привршува работата на предлозите за нови министри, заменици и други владини позиции. Според него, листата ќе биде доставена до Владата во следните денови.
ЕУ одобри создавање на одбранбен фонд во вредност од 150 милјариди евра
Како клучен предлог за Министерството за здравство, Меџити го истакна Азир Алиу, оценувајќи го како најсоодветен кандидат – добар менаџер кој го познава системот и може да внесе позитивни промени во здравствениот сектор. Воедно, Меџити изрази уверување дека новиот директор на Центарот за управување со кризи од редовите на Вреди ќе може да ја надмине работната динамика на досегашниот директор Стојанче Ангелов.
На политички план, тој објави дека десет членови од Алијанса за Албанците, предводени од Арбен Фетаи, се приклучиле кон претседателството на движењето Вреди. Синоќа, на седницата на централното претседателство, за шеф на изборниот штаб е избран Аднан Азизи, кој го претставил тимот и стратегијата за отворање штабови низ сите општини каде што Вреди ќе настапи на претстојните локални избори.
Пронајдете не на следниве мрежи:



