Миди фустаните се вистински хит, а еве кои чевли се најдобриот избор за нив

Фустаните со миди должина кои достигнуваат до или под колената никогаш не биле волку популарни.
Но сепак, поголемиот дел од жените ги одбегнуваат бидејќи не знаат со што да ги комбинираат. За среќа, тука се модните експерти.
Иако можеби така ви се чини, навистина е тешко да погрешите со облеката која прилега на миди фустаните, бидејќи со нив речиси се’ одговара. Во продолжение ви претставуваме неколку предлози за чевли кои се најдобриот избор за миди моделите.
Спортски патики

 

View this post on Instagram

 

Advertisement// While in Copenhagen ? @secondfemale

A post shared by Tine Andrea (@tineandreaa) on


Робусните спортски патики се’ почесто ги гледаме како дел од елегантните комбинации, па дури и на свечените настани. Тие во пар со миди фустан создаваат совршена лежерна комбинација за секој ден.
Каубојски чизми


Каубојските чизми оваа сезона се еден од водечките трендови во облеката, а во комбинација со миди фустан изгледаат одлично. Ова е изглед кој можете да го носите преку ден, но и во некои посебни прилики.
Чизми над колена

 

View this post on Instagram

 

Thrilled I can still fit this chic look? @netaporter #THENETSET #ad Photo by @danrobertsstudio

A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek) on


Овој хит модел на обувки кој веќе со години не излегува од мода е исто така совршен избор за комбинирање со миди фустаните, особено кога станува збор за малку пошироки модели.
Чорапи-чизми

 

View this post on Instagram

 

Gloomy mornings between shows and fittings… ✨? #pamallierinnyfw

A post shared by Pamela Allier ?? (@pamallier) on


Една од причините поради кои чизмите во стил на чорапи упорно не излегуваат од мода е тоа што одлично одговараат со се’, па така и со миди фустани. Во комбинација со нив, тие даваат елегантен и тренди изглед дури и за свечените прилики.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.